14 симптоми за зголемено ниво на шеќер во крвта (и каков вид ...

  • ВКУПНО:99
  • Share63
  • Send23
  • Tweet3
  • Pin0
  • Love10

Дијабетесот е хронична болест која настанува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го употреби веќе произведениот инсулин. Инсулинот е хормон кој го произведува панкреасот, а кој им овозможува на клетките да ја превземаат гликозата од крвта, односно да ја преработат во енергија. Неуспешното произведување на инсулин, неговата неефикасност или двете состојби одеднаш, предизвикуваат зголемено ниво на гликоза во крвта (хипергликемија). Таа е поврзана со долгорочната штета на телото и откажувањето на некои органи и ткива, вклучувајќи ги бубрезите, крвните садови, нервите и очите.

1-14-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-imate-zgolemeno-nivo-na-shekjer-vo-krvta-i-koja-hrana-se-preporachuva-da-ja-jadete-www.kafepauza.mk_

Која е разликата помеѓу дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2?

Тип 1: Станува збор за автоимуна состојба кога телото не произведува инсулин – хормонот кој е потребен за шеќерот да се извлече од крвотокот во клетките за енергија. Обично е дијагностициран кај малите деца.

Тип 2: Тој е најчест кај возрасните. Не се произведува доволно инсулин или телото не реагира соодветно на него. Не станува збор за автоимуна состојба, и е поврзана со дебелењето, бидејќи масните клетки се отпорни на инсулин.

Кај дијабетичарите нивото на шеќер може да се зголеми поради различни фактори, вклучувајќи:

  • Претерано лекување на епизодите на хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта)
  • Прескокнување на дозите или земање на погрешни дози од лекови за дијабетес
  • Недостаток на вежбање
  • Стрес
  • Болести, како на пример, настинка
  • Дехидрација
  • Прејадување, како што е прекумерното јадење помеѓу оброците
  • Одредени лекови, на пример, стероидните лекови
  • Симптоми проследени со зголемено ниво на шеќер во крвта

Зголеменото ниво на шеќер во крвта не мора нужно да значи дека имате дијабетес. Исто така, во некои случаи, личностите со хипергликемија, не чувствуваат никакви знаци на дијабетес. Меѓутоа постојат чести симптоми на високо ниво на шеќер во крвта кои може да укажуваат дека имате проблем.

  • Зачестено мокрење или мокрење во текот на ноќта
  • Замаглен вид
  • Потешкотии со концентрацијата
  • Сува уста
  • Импотенција
  • Зачестени инфекции
  • Бавно зараснување на исеченици и рани
  • Желудочни проблеми
  • Постојан замор или замор во екстремитетите
  • Зголемена жед
  • Сува кожа што чеша
  • Темен обрач на кожата околу вратот
  • Чести габични инфекции
  • Постојана глад
  • Вишок сало на пределот околу стомакот или зголемување на тежината
  • Проблеми со нервите

Намелете го шеќерот во крвта со гликемична исхрана

Гликемискиот индекс или едноставно ГИ го означува бројот на јаглехидратите во исхраната која го зголемува нивото на шеќер во крвта, а може да варира од 0 до 100. Храната со висок ГИ се вари многу побрзо отколку храната со низок ГИ, така што трошењето на втората го намалува нивото на инсулин. Освен тоа, оваа храна, исто така е добра за губење на вишокот килограми. Обрнете внимание на храната и нејзиниот ГИ.

Храна со низок ГИ

Храната со гликемиски индекс помеѓу 0 и 54 се класификува во категоријата со низок ГИ. За најдобар ефект, би требало да ја консумирате секојдневно.

  • Едно јајце – 0
  • 200 грама хумус – 6
  • 200 грама брокула – 10
  • Еден кромид со средна големина – 10
  • Една шака ореви – 15
  • Една шака вишни – 22
  • Една шака индиски ореви – 22
  • 230 милилитри јогурт – 23
  • 200 грама грав – 31
  • 230 милилитри сок од домати – 38
  • Едно јаболко со средна големина – 38
  • Една шака зелено грозје – 46
  • 230 милилитри сок од ананас – 46
  • Еден голем морков – 47
  • Еден портокал со средна големина – 48
  • Еден голем грејпфрут – 50
  • Една голема банана – 52
  • 200 грама грашок – 54

Уште неколку производи со низок ГИ: авокадо, тофу, пиперки, зелје, спанаќ, лук, кисела зелка, марула, ротквица, ф’стаци, кикирики, маслинки, печурки, праз, лешници, ѓумбир, анасон, краставици, тиквички, моркови, рогач, зелка, модар патлиџан, артичока, јагоди, црвени рибизли, малини, зелена леќа, цреши, црно чоколадо (70% какао), капини, жолта леќа, сладок компир, интегрални тестенини, кокос, ‘рж, домати, булгур, пченичен кускус, овесни снегулки, наут, смокви, сусам, мандарини, дуња, бадеми, мешунки.

3-14-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-imate-zgolemeno-nivo-na-shekjer-vo-krvta-i-koja-hrana-se-preporachuva-da-ja-jadete-www.kafepauza.mk_

Храна со умерен ГИ

Храната со ГИ помеѓу 55 и 69 треба да се консумира во умерени количини.

  • Папаја – 55
  • Црвен ориз – 55
  • Киви – 58
  • Банана – 60
  • Костени – 60
  • Пченичен гриз – 60
  • Ориз со долго зрно – 60
  • Диња – 60
  • Варена булгур пченица (излупена) – 60
  • Пченка – 60
  • Суви смокви – 61
  • Свежо цвекло – 64
  • Неизлупен варен компир – 65
  • Интегрален леб – 65
  • Варено цвекло 65
  • Кускус – 65
  • Јаворов сируп – 65
  • Мармалад (со шеќер) – 65
  • Мусли (со шеќер или мед) – 65
  • Ананас од конзерва – 65
  • Суво грозје – 65

Храна со висок ГИ

Храната која има ГИ помеѓу 70 и 100 може да предизвика здравствени проблеми, па затоа е подобро да ја ограничите нејзината консумација, а онаа со многу висок ГИ да ја избегнувате во целост.

  • Пченкарен сируп – 115
  • Пиво – 110
  • Урми – 103
  • Гликозен сируп – 100
  • Модифициран скроб – 100
  • Оризен сируп – 100
  • Скроб од компир – 95
  • Печен компир – 95
  • Бел леб – 90
  • Варен морков – 85
  • Варен корен од целер – 85
  • Мусли – 85
  • Мед – 85
  • Ориз – 85
  • Оризово млеко – 85
  • Пуканки – 85
  • Тапиока – 85
  • Варена репа – 85
  • Варен грав – 80
  • Тиква – 75
  • Лубеница – 75
  • Пченкарно брашно – 70
  • Излупени варени компири – 70
  • Њоки – 70
  • Просо – 70
  • Палента – 70
  • Јачмен – 70
  • Амарант – 70
  • Двопек – 70

Нашата исхрана драматично влијае на нашето здравје, особено на нивото на шеќер во крвта. Значи, ако ги почувствувате овие симптоми на хипергликемија, би требало да преземете некои промени во исхраната и да се обидете природно да одржувате здрава рамнотежа пред вашата исхрана да предизвика понатамошни компликации.

💗 Денес ви споделуваме рец 💗 Денес ви споделуваме рецепт за какао коцки без брашно, јајца или шеќер – можете да ги направите само со три состојки: банана, путер од кикирики и какао во прав. 😋  Потребни состојки:  👉 3 зрели банани 👉 125 грама путер од кикирики 👉 100 грама какао во прав  Начин на подготовка:  1. Излупете ги бананите и издробете ги со вилушка.  2. Измешајте ги мелените банани со путерот од кикирики и какаото.  3. Префрлете ја смесата во калап кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.  4. Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 17 до 20 минути.  5. Оставете ги коцките да се изладат пред сервирање. На здравје! 😍  #инстаграм #инстаграмфото #фотонаденот #инстаграмџии #инстаграмџиимакедонија #инстаграмџииmacedonia #инстаграмџики #инстаграмџикимакедонија #инстаграмџикиmacedonia #рецепт #рецептнаденот #посендесерт #десерт #десертнаденот #какао #путеродкикирики 💗 Денес ви споделуваме рец 💗 Денес ви споделуваме рецепт за торта без брашно и шеќер која е лесна и едноставна за подготовка. Со оглед на тоа дека се состои од здрави состојки, идеална е за појадок со шолја чај. 🫖  👨‍🍳 Потребни состојки:  👉 1 јајце 👉 100 грама излупени јаболка 👉 30 милилитри млеко 👉 40 грама овесни снегулки 👉 1/3 лажичка цимет 👉 1/2 лажица прашок за пециво 👉 1 лажица мед  👨‍🍳 За фил:  👉 170 грама благо крем сирење 👉 2 лажици мед 👉 20 грама суви сливи 👉 10 грама ореви  👨‍🍳 Начин на подготовка:  Прелијте ги со врела вода сувите сливи и оставете ги да отстојат 10 минути, а потоа исушете ги и ситно исечкајте ги. Исечете ги јаболката на мали парчиња. Во блендер ставете ги парчињата јаболка, јајцето, млекото, овесните снегулки, прашокот за пециво, циметот и медот. Мешајте додека не добиете еднолична смеса.  Намачкајте со масло тавче со дијаметар од 24 см. Добро загрејте го, истурете го тестото и рамномерно распоредете го на тавата. На тивок оган пропржете ја кората под капакот, околу 8 минути од едната и 4 минути од другата страна. Оставете ја да се излади и исечете ја на 4 дела.  За филот измешајте ги крем сирењето и медот додека не добиете мазна и кремаста смеса. Нмачкајте го филот врз кората, наредете ги парчињата суви сливи, па ставете ја кората и сè така додека не ги потрошите состојките. Врз колачот посипете сечкани ореви. На здравје!  #инстаграм #инстафото #фотонаденот #инстаграмџии #инстаграмџиимакедонија #инстаграмџииmacedonia #инстаграмџики #инстаграмџикимакедонија #инстаграмџикиmacedonia #рецепт #рецептнаденот #десерт #десертнаденот #торта #тортабезбрашно #вкусно #колач #безшеќер 💗 Погледнете ги овие невер 💗 Погледнете ги овие неверојатни хартиени скулптури кои ја прикажуваат магијата на животот!  👉 Су Блеквел (@sublackwellstudio )отсекогаш била љубител на јазикот и литературата. Пишаниот збор за неа не е само мастило на хартија; тоа е еден вид килим исткаен од зборови кој раскажува некаква приказна.   🥰 Нејзините хартиени скулптури кои таа ги изработува од книги ја симболизираат кревката убавина на самиот живот. Тие не се само предмети туку и портали во други светови – светови на чуда и магија, на темнина и светлина.  #инстаграм #инстаграмџии #инстаграмџииmacedonia #инстаграмџиимакедонија  #инстаграмџики #инстаграмџикиmacedonia #инстаграмџикимакедонија #уметност #уметностнаденот #уметница #хартиенискулптури #магија #живот 📢 Денес ви споделуваме рец 📢 Денес ви споделуваме рецепт за пита со спанаќ и сирење: Одличен избор за целото семејство! 👏  👩‍🍳 Потребни состојки:  👉 2 глави црвен кромид 👉 1 млад кромид, ситно сечкан 👉 2 чешниња лук, мелени 👉 500 грама спанаќ, измиен и исечкан 👉 200 грама фета сирење 👉 2 јајца 👉 малку свеж копар, сечкан (по избор) 👉 путер или маслиново масло 👉 сол и бибер по вкус  👩‍🍳 Начин на подготовка:  1. Ставете го спанаќот во голема цедалка и прелијте го со врела вода. Исцедете го и оставете го да се излади.  2. Додека спанаќот се лади, во тава пропржете ги кромидот и младиот кромид со 2 лажици маслиново масло со малку сол додека не омекнат. Префрлете ги во сад и кога ќе се изладат додадете спанаќ, фета, лук и копар и убаво измешајте.  3. Намачкајте калап за печење со димензии 20 x 20 сантиметри. Премачкајте ги корите за пита со маслиново масло (или путер) и ставете ги во плехот. Нанесете од филот врз секоја кора и сè така додека не ги наредите сите кори.  4. Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. Печете ја питата 30-35 минути или додека тестото не порумени. Послужете ја питата додека е топла. На здравје!  #инстаграм #инстафото #фотонаденот #инстаграмџии #инстаграмџиимакедонија #инстаграмџииmacedonia #инстаграмџики #инстаграмџикимакедонија #инстаграмџикиmacedonia #рецепт #рецептнаденот #пита #питасоспанаќ #питасоспанаќисирење #спанаќ #сирење Денес ви споделуваме рецепт за домашни грисини!   👨‍🍳 Потребни состојки:  👉 150 грама бело пченично брашно 👉 50 грама интегрално пченично брашно 👉 50 грама пченичен гриз 👉 20 грама семки од сончоглед 👉 20 грама мелено ленено семе 👉 15 грама семе од сусам 👉 1 лажица семки од тиква 👉 5 грама сув квасец 👉 3/4 лажичка сол 👉 1 лажичка шеќер 👉 50 милилитри маслиново масло 👉 100 милилитри топла вода 👉 масло и вода 👉 морска или хималајска сол  👨‍🍳 Начин на подготовка:  1. Испечете го сусамот, а потоа семките од сончоглед и тиква. Потоа сомелете ги семките од сончоглед и тиква во електрична мелница за кафе. Ставете го интегралното брашно во садот за матење, а потоа белото брашно. Додадете гриз, потпечени семки, ленено семе и сол, па измешајте. Додадете шеќер и квасец, па 100 милилитри вода и масло, почнете да мешате со лажица, а потоа со раце замесете го тестото. По потреба додадете уште малку вода или брашно.  2. Тестото ставете го во сад, покријте го со крпа и оставете го на топло место околу половина час. Поделете го на 20 еднакви топчиња. Секое од нив обликувајте го во стапче долго околу 20 см, односно онолку колку што е долг садот во кој ќе ги печете.  3. Врз тепсијата ставете хартија за печење и наредете ги подготвените грисини. Премачкајте ги со мешавина од вода и масло, посолете и ставете ги во рерна загреана на 160 степени целзиусови. Печете 20-25 минути или додека не поруменат и не станат крцкави. На здравје! 😎  #инстаграм #инстафото #инстаграмџии #инстаграмџииmacedonia #инстаграмџиимакедонија #инстаграмџики #инстаграмџикиmacedonia #инстаграмџикимакедонија #рецепт #рецептнаденот #грисини #домашни Следете нѐ на Инстаграм
САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

Име   Имејл

Leave this field empty if you're human:

Từ khóa » Visok Seker Vo Krvta